Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари не добил понуда за влез во Влада, но ако добие ќе ги каже и своите услови

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Алијанса за Албанците се уште нема добиено понуда за влез во Владата. Кога тоа ќе го добиеме ќе ве известиме и ќе бидеме транспарентни, рече в.д. лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски. Сепак, како што рече Таравари таа можност не е исклучена, но ако се случи тоа партијата нема да ги помине црвените линии кои се неопходни за да продлжат да преговараат.

„Имаме пакет на мерки кои сме ги кажале и ако евентуално почнеме преговори најверојатно тој сет на мерки ќе бидат нашиот услов за евентуално влегување во Владата“,

рече Таравари.

На прашањето за изнесените министерства кои би им биле понудени од Владата, а за кои во јавноста веќе се говори, Таравари рече дека шпекулации постојат и ќе постојат и дека ништо не е вистина од тоа што се говори.

Таравари вели дека имаат комуникација со сите политички партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ.

„Не ни се допаѓа она што ВМРО-ДПМНЕ го говори. Мислам дека ги намалуваат капацитетите за соработка со албанските партии, не само со Алијанска за Албанците. Имам впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ веќе се натпреварува со Левица која е уште понациналистичка партија што искрено на нас ни штети“,

рече Таравари додавајќи дека ќе продолжи со критиките и кон ДУИ без разлика дали ќе бидат дел од Владата или надвор од неа.

На средбата со Ковачевски, Таравари рече дека разговарале за европскиот пат на државата кој мора да продолжи.