Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Таравари: Прво да се решат етничките прашања, а потоа да се фокусираме на економските прашања

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Се разговара, но нема договор. Вакви информации стигнуваат од коалицијата „Вреди“, по отворањето на старата тема за промена на државниот грб.

Исто како и Касами вчера, денеска и министерот Арбен Таравари со став дека етничките прашања треба да се решаваат во пакет.

Етничките прашања можат да се решат во пакет и за химната и за грбот и за другите прашања кои не се решени, за потоа да  се фокусираме на економските прашања.

Тврди дека не е отворена темата за тоа, кој симбол треба да стои на новиот грб.

  • „Интересно прашање. Факт е дека Македонија е една од ретките посткомунистички држави каде што химната и грбот не се сменети. Можеби се една или две држави освен Македонија. Јас зборувам во име на ВЛЕН, ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за се. За жал во минатиот период повеќе чувствителни теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Подготвени сме да разговараме за пакет на мерки кои се останати нерешени во минатите дваесет, триесет години и во пакет да ги решиме. Зошто да тука да биде и грбот и химната и 20 % и други ако има етнички прашања и да се фокусираме, да се концентрираме веќе на  економија, антикорупција, евроинтеграции, тоа што ни се најбитни теми оти луѓето највеќе ова ги интересира, подобри плати и подобар живот“, рече министерот Таравари.

СДСМ: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот туку промена на грбот и химната

Владата на Мицкоски преку министерот без ресор, Арбен Таравари, не информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, реагираат од СДСМ.

  • Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, сиромаштијата која расте и стандардот на граѓаните, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност, вели опозицијата.

Според СДСМ реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста. По овие најави, повеќе од јасно е дека граѓаните ќе бидат „хранети“ со теми за поделба на јавноста, додека државата тоне во сиромаштија, а животниот стандард пропаѓа.