Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари: Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања за оставка, останувам министер за здравство

/

пред 577 дена

Сподели преку :

Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања дали ќе поднесам оставка, но фокусиран сум на работата во министерството за здравство, порача министерот Арбен Таравари на денешната прес-конференција.

„Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри, стабилни и јас продолжувам и на 1-ви, и на 2-ри и на 3-ти и на 5-ти април да ја вршам функцијата министер за здравство. Повеќе сум фокусиран на работите кои што се важни за пациентите. Пред се и над се, за мене како министер за здравство е важна добрата состојба на овие пациенти од Кочани, меѓутоа и генерално на сите пациенти во државата“, изјави Таравари.