Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Татко и двајца синови со гасен пиштол, нож и боксирач претепале вработени во „Бутел“

/

пред 181 дена

Сподели преку :

Татко и неговите двајца синови се приведени откако  на гробиштата во Бутел нападнале двајца вработени на погребното претпријатие, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Настанот се случил вчера околу 12:40 часот кога вработените во АД „Бутел“, 51-годишниот  Е. Д. и 54-годишниот М. Д. ги забележале приведените во близина на едно гробно место. Бидејќи напаѓачите им биле познати од претходно како извршители на тешки кражби, вработените ги предупредиле дека ќе повикаат полиција.

Наместо да се повлечат, тројцата напаѓачи физички ги нападнале вработените користејќи гасен пиштол, нож и боксирач.

Во нападот, Е. Д. и М. Д. се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во болницата „Св. Наум Охридски“.

Подоцна во текот на денот полициски службеници ги пронашле и ги привеле А. М.(48) и неговите синови Ј. М.(26) и Б. М.(27), сите од Скопје.

–Лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од Секторот за внатрешни работи Скопје.