Загина петчлено семејство кое било во автомобил кој се судри со воено возило на патот Краљево- Рашка, кај Ушче, во Србија.
Министерството за одбрана соопшти дека околу 13 часот и 10 минути дошло до судир на борбено возило на војската на Србија и цивилно возило. Според првите информации во автомобилот имало двајца возрасни со три деца. Како што јавуваат српските медиуми загинал таткото со трите деца и уште едно возрасно лице, а мајката е тешко повредена.
– Борбеното возило на Вооружените сили на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција – се наведува во соопштението од српската војска.
Приведен е возачот на српската војска со иницијали М.В., кој е осомничен за предизвикување на сообраќајната несреќа..











