Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телата на жртвите во сообраќајката кај Лепенец на обдукција

/

пред 1218 дена

Сподели преку :

Дали има вина кај 64-годишниот скопјанец, кој претекнувал колона во критичниот момент кога настанала сообраќајната несреќа кај Лепенец, а во која животот го загубија три лица државјани на Косово, обвинителството ќе одлучува откако ќе го добие извештајот од терен. Тој во моментот е во притвор, бидејќи Јавното обвинителство изрази сомнеж дека постои можност тој да се даде во бегство.

Доколку обвинителството одлучи да го гони 64-годишниот скопјанец, ќе може да се побараат дополнителни мерки. Кривичниот суд пак, потврди дека мерката притвор која ја побарал обвинителот била веднаш прифатена.

По сообраќајната несреќа, македонски и косовски спасувачки тимови трагаа по семејството од Косово, речиси, 30 часа, а откако нуркачите од специјалната единица „Тигар“ го лоцираа автомобилот, беа извлечени телата на родителите и малолетното дете.

Единствениот кој ја преживеа несреќата е нивниот 21-годишен син, кој успеал да се извлече, пред автомобилот да потоне во надојдената вода на реката. Тој во моментот е хоспитализиран во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.