Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го паузира мировниот план за Украина со цел на Европа да и даде место на преговарчката маса, пишува британски „Телеграф“.
Претставникот на САД за Украина, Кит Келог вети дека ќе одржи индивидуални разговори со сојузниците во НАТО пред да го финализира долгоочекуваниот план за ставање крај на војната… Посочи дека ќе побара мислење за обликот на каков било мировен договор и за тоа што владите можат да придонесат за процесот.
Во исто време, Келог додаде дека ќе презентира елементи од мировниот план на Минхенската безбедносна конференција во Германија. Според британскиот „Телеграф“ дел од презентираните елементи ќе биде понуда за континуирана воена поддршка за Киев во замена за пристап до ретките минерални ресурси на Украина. Европејците кои разговарале со Келог добиле уверување и дека Вашингтон сака да ја зајакне позицијата на Украина во какви било идни преговори со Русија, се вели во текстот.











