Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма во Белград: Граѓаните поделени за насилството на протестите, дел ја обвинуваат власта и полицијата а дел демонстрантите

/

пред 414 дена

Сподели преку :

Екипата на Телма, репортерот Огнен Чанчаревиќ и снимателот Наум Пуленџовски од Белград известува за атмосферата во главниот град на Србија, пред вечерашните анти-владини протести.

Поделеноста во српското општество е сѐ поочигледна и се рефлектира во изјавите на граѓаните кои ги прашавме за свое видување на тензиите и причините кои доведоа до инцидентите.

Протестите предводени од студентите веќе подолг период ги креваат тензиите во српското општество.

Минатите четири дена, граѓанското незадоволство од власта прерасна и во насилни инциденти.

Полицијата тврди дека жртва се припадниците на безбедносните сили, додека бројни видео снимки споделувани на социјалните мрежи регистрираат инциденти на прекумерна употреба на сила од полицајците против демонстрантите, но и од страна на најлојалните поддржувачи на претседателот Вучиќ, групи млади луѓе со качулки на главите, но и палки и други предмети во рацете.