Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Тензично во бегалскиот камп Нур Шамс, во израелски напад загинаа најмалку четири лица

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Тензиите на окупираниот Западен Брег растат по израелската воена рација во бегалскиот камп Нур Шамс во која загинаа најмалку четворица Палестинци.

Палестинските здравствени власти соопштија дека меѓу убиените е и 15-годишно дете.

Израелската војска соопшти дека за време на операцијата повредени се четворица израелски војници.

Огранок на Исламскиот џихад, утрово соопшти дека негови борци водат тешки вооружени борби со израелските сили во градот Тулкарем, во непосредна близина на бегалскиот камп.

Војната меѓу Израел и Хамас беше предизвикана од невиден напад во јужен Израел од страна на Хамас и други милитантни групи на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, од кои огромното мнозинство беа цивили, а околу 250 луѓе беа киднапирани и однесени како заложници во Газа.

Од почетокот на војната над 34 илјади палестинци се убиени од кои најголем број се жени и деца.