Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тензии меѓу Белград и Подгорица пред Самитот со ЕУ во Тиват – тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Утринава долги колони на возила има на граничните премини меѓу Србија и Црна Гора. Дел од медиумите во Србија објавија дека на граничните премини со Црна Гора се спроведува детална безбедносна контрола,  а околу 30 државјани на Црна Гора биле задржани на аеродром во Белград откако синоќа слетале од Подгорица.

Тензиите меѓу двете држави се случуваат пред Самитот со ЕУ кој ќе се одржи утре,  а на кој треба да присуствува претседателот на Европскиот совет Кошта и премиери и претседатели на земји од Западниот Балкан. Властите во Црна Гора уверуваат дека ќе направат сè Самитот да помине мирно и без инциденти. Кошта денеска е во посета на Србија.

Поради безбедносни причини, црногорските власти вчера вратија чартер лет од Белград, откако при проверка на патниците утврдено е меѓу нив има и лица со криминални досиеја. По ова следуваше бурна реакција од српските власти која кулуминираше со воведување на детална безбедносна контрола на границиите со Црна Гора.

Вечерта се огласи и српската безбедносна информативна агенција – односно тајната полиција која јавно го предупреди Вучиќ да не патува „поради непријателското дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“ и поради наводното присуство на еден од водачите на криминалните кланови во Црна Гора.

„Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора а, спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносна проценка, која неколку пати ја побаравме од службата домаќин на состанокот во Црна Гора, не ни беше доставена“, објави БИА.

Вучиќ денеска треба да соопшти дали ќе присуствува на Самитот.