Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тепачка на малолетници во Ѓорче – ги снимале па ги објавиле на интернет

/

пред 530 дена

Сподели преку :

Мајка од Скопје пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученик, а целиот настан бил снимен и објавен на социјална мрежа. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот кај нив бил пријавен на 7 мај иако според изјавата на мајката тепачката се случила ден претходно во попладневните часови.

Таа раскажала дека во населбата Ѓорче Петров нејзиниот син бил физички нападнат од друг малолетник, негов соученик. Дополнително, трето лице, исто така малолетно, го снимало нападот и потоа видеото било објавено на социјална мрежа.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за утврдување на одговорноста на инволвираните лица.