Термоелектраната „Змијевска“ во областа Харков е целосно уништена, соопшти украинската компанија „Центеренерго“.
„Сите единици се уништени, помошната опрема е уништена. Степенот на уништување варира, од целосен до значителен“, се наведува во соопштението.
Компанијата соопшти дека не постои можност да се предвиди можна реставрација на термоелектраната, ниту постои начин за проценка на обемот на штета и точната сума на пари за обнова на станицата.











