Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешки судири на Крит меѓу полицијата и земјоделците

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Жестоки судири избувнаа во Ираклион и Хања, каде групи земјоделци и сточари нападнаа полициски сили пред аеродромите во двата града.

Во инцидентите беа повредени осум полицајци, а неколку службени возила беа оштетени. Властите ги идентификувале напаѓачите, кои сега се соочуваат со тешки обвиненија, меѓу кои и учество во криминална организација.

Демонстрантите ги пробија полициските барикади, принудувајќи ги специјалните единици да се повлечат.

Потоа се упатија кон аеродромот во Хања, што доведе до негово привремено затворање. За време на нередите беше превртено и полициско возило на контролен пункт и беше оштетено возило на единицата за спречување нереди. Овие протести се дел од пошироки национални демонстрации, во кои земјоделците блокираат патишта низ цела Грција. Тие реагираат на доцнењето на исплатите на европските субвенции, што се поврзува со тековни истраги за корупција.