Републиканците се доближуваат до бројот на пратеници кој е потребен за тесно мнозинство во Претставничкиот дом, додека контролата во Сенатот ќе зависи од резултатите на меѓуизборите во неколку американски сојузни држави.
Според резултатите на „Си-Ен-Ен“, републиканците моментно имаат 209 мандати во Претставничкиот дом и им фалат уште девет за преземање на контролата, а демократите имаат 191.











