Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетово на крстопат за наплата на сметките за вода – Општината бара приватен партнер, граѓаните стравуваат од поскапи сметки

/

пред 200 дена

Сподели преку :

Ниската наплата на сметките за потрошена вода за пиење е причина да не се собираат средства за модернизирање на водоводната мрежа која редовно има дефекти, па има и чести прекини во водоснабдувањето.

Овие децениски проблеми се белег на Општина Тетово, а во неколку наврати досега преку дебати се бара решение- меѓу другото и за воспоставување јавно-приватно партнерство.

Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ оценува дека тетовци веќе имаа повеќе негативни искуства со приватни фирми да обезбедуваат јавни услуги и тоа да не се прави и со поставувањето дигитални водомери и наплатата на сметки за вода.
„За секој проблем, во општината се наоѓа чаре со поскапување на сите услуги што ги примаме, така се случи и со чистењето на градот и овој случај имаме проблем со водоснабдување. Тоа е вистина, има луѓе што не плаќаат и тоа е вистина, но не треба да значи дека еден проблем треба да се реши терајќи ги пак граѓаните да плаќаат повисоки фактури од тие што сме ги имале досега, се работи за вода, за елементарна потреба“
– вели Елемедина Абдулахи од „Подобро за Тетово“.

Сегашниот градоначалник со втор мандат признава дека не знаат како да го менаџираат проблемот.

„Општината за жал нема доволен капацитет за да наплаќа во делот на снабдување со вода, а и сигурно дека ние треба да бидеме реални. Значи, ние сме исто така и политички битија во делот на предизборната кампања, никој и администрација нема да се нафати да ги наплаќа како што треба обврските, односно долговите на граѓаните, така да треба да сме свесни дека во оваа ситуација за да го решиме побрзо проблемот мора да внесеме приватен партнер, но тоа не значи дека тоа ќе биде одлука на советот“ – вели градоначалникот Билал Касами.

Експерти од правото со предупредување-општината веќе ги крши законите со тоа што не обезбедува еднаков третман на граѓаните, односно дозволува некој да не плаќа сметки.

„Обврска е на јавниот партнер и општината да се постават водомери реално према граѓаните да се тарифира. Обврска е на секој јавен партнер да постапува еднакво према сите граѓани и да сите плаќаат према потрошената вода. Ние водата, мора да ја заштитиме, таа е јавно добро и не подлежи под приватен режим.“ – вели Виктор Стојановски, магистер по граѓанско право.

Според податоците на општината, годишно во водоводниот систем протекуваат 10 милиони кубици вода, а сметки се даваат за потрошени 3 милиони кубици.

Од тие три милиони кубици се наплаќаат максимални 60 отсто.

Александар Самарџиев