Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тлото се тресеше со 6 степени по Рихтер – нов силен земјотрес во Јапонија, нема предупредување за цунами

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Нов земјотрес со јачијна од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Јапонија, но сè уште не е издадено предупредување за цунами, пренесува агенцијата АФП.

Денешниот потрес доаѓа по нешто повеќе од седум дена од силниот земјотрес во централниот дел на земјата на 1 јануари кој однесе над 200 човечки животи, а повеќе од 100 лица и натаму се водат како исчезнати, соопштија јапонските власти.

Јапонската метеоролошка служба соопшти дека земјотресот го погодил брегот на Јапонското Море, зафаќајки го истиот дел на земјата како на 1 јануари. Спасувачките екипи и натаму се борат да стигнат до, речиси, 3.500 луѓе кои и сè уште се наоѓаат под урнатините.