Тони ѓубре и отпад го блокираа речното корито на реката Неретва во Босна по поројните поплави и лизгање на земјиштето кои погодија делови од балканската земја минатата недела, при што загинаа најмалку 18 луѓе, а голем број беа повредени.

Огромни количества дожд паднаа во областа околу Јабланица и блискиот Коњиќ, предизвикувајќи ненадејни поплави кои навлегоа во дел од домовите на луѓето додека спиеја.
Зголемените води, исто така, предизвикаа лизгање на земјиштето кои урнаа патишта и ридови, покривајќи цели села со кал, а отсекоа цели области.

Спасувачките тимови ги здружија напорите да ги расчистат урнатините и да ги пронајдат луѓето кои сè уште се водат како исчезнати.
Осиромашена и етнички поделена, Босна се бореше да се опорави по бруталната војна во 1992-1995 година.

Земјата е зафатена од политички препукувања и корупција, што се пречка на патот на нејзината кандидатура за членство во ЕУ.











