Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Топ тема“ интервју со Пандов: Наркобосовите се ставени во глувчешка дупка, тие се тотално развластени

/

пред 626 дена

Сподели преку :

Наркобосовите се ставени во глувчешка дупка, тие се тотално развластени, истакна Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Акцијата е на Министерството за внатрешни работи, но ете ќе си дозволам дека некоја минимална заслуга за тие акции има и затворскиот систем, односно и јас како директор на Управата за извршување на санкциите и директорите во затворите. Уверувам дека кога дојдов, имаше недопирливи затвореници кои што биле преместувани од еден затвор во друг, па јавувања, па пак враќани. Еден посочете ми каде што постои некоја ќелија, некој затвореник, затоа што толку бил моќен и сега не смеело да се влезе. Пред десетина дена, од кога се Диво насеље внатре, од 2016 година, и тие си беа мајчините лоцирани во Идризово и тоа си беше нивно. Таму како главни беа, главна власт, никој ништо не им смееше. Сега првпат е случено, двајца од нив не се повеќе таму. И тоа не е само за нив, тоа е порака за сите останати дека кога сакаме ние како затворска власт, можеме кога сакаме, каде сакаме да го однесеме и тие погодности што тие таму си ги уживале, да ги немаат“, рече Пандов.