На прашањето на Топ Тема кој е сега под лупа на МВР како „јатак“, односно можен дојавувач на Артан Груби, министерот Тошковски рече дека за жал не може да сподели со јавноста и потврди дека има истрага за тоа.
Сметате ли дека има некои недостатоци во кривичната пријава?
- Сметам дека оваа кривична пријава, јавниот обвинител во рамки на неговата надлежност и те како има простор да ја надополни во рамки на соодветната истражна постапка, и те како има можност да се обезбедат дополнителни докажи, дел се обезбедени дел ќе се обезбедат се надевам и се надевам дека во рамки на своја надлежност ќе утврди дејствија кои што на крајот ќе овозможат не само оној којшто сторил кривично дело да одговара, туку и да се вратат парите кај граѓаните. Во оваа постапка при претресите најдени се поголеми суми на парични средства кај дел од обвинетите“, рече Тошковски.











