Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Toшковски: Службените возила ќе бидат изземени само при оправдани службени дејствија, во спротивно – ќе се казнуваат

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Системот „Сејф Сити“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното интервју во „Топ тема“.

„Кога службените возила ќе постапуваат во рамки на нивното оперативно делување нема да бидат. Кога нема да постапуваат, ќе бидат. Тоа значи дека секое возило на брза помош, пожарна, МВР, Министерството за одбрана, при вршење службени дејствија нема да биде дел од системот доколку тоа се оправда согласно целисходноста на нивното делување во рамки на нивното службено дејствие. Но доколку нивните службени дејствија не оправдуваат брзо возење, секако дека ќе бидат казнети. Системот ќе процесуира казна исклучиво само доколку станува збор за нерегуларно управување со моторно возило во рамките на  потребите на институциите“, изјави министерот Тошковски. 

Според него, доколку нема оправдана причина за брзо возење, казните ќе важат и за службените возила.

„Кога службено возило се користи во рамки на оперативни дејствија, тогаш истото не може да биде третман на почитување на сообраќајни правила во рамки на системот Сејф сити. Но кога службено возило на пример во рамки на Агенција за одземен имот, имаше едно кое циркулираше низ медиуми е управувано од било кого, мора да почитува сообраќајни правила заради тоа што неговата употреба не е согласно посебни правила дефинирани од МВР или законска регулатива“, додава Тошковски.

Темата „Сејф Сити“ отвори и поширока дебата за законските и практичните предизвици, за ефикасноста на системот и за тоа дали мерката е пред сè безбедносна или фискална, што останува во фокусот на јавноста во наредниот период.

Т.Д.