Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски со апел до полицајците – укажување, а не казна за возачките дозволи со старото име на државата

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Од денеска возачките дозволи со старото уставно име заминуваат во минатото. Стапува на сила обврската за поседување ваков документ со „Северна“.

Ова следува откако Собранието на 12 февруари минатата година ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Ова е само еден од новитетите кои започнаа да важат со првиот ден на новата година. Од денеска задолжителни се и налепниците со ознаката НМК, на регистарските таблички на возилата.

Министерот за внатрешни работи вели дека полицијата сега треба да делува превентивно, полицајците да укажуваат наместо веднаш да почнат да пишуваат казни за овој тип на прекршоци.

„Сакам да упатам една порака до сите полициски службеници и сите граѓани, дека македонските граѓани не треба да плаќаат казни поради тоа што некои недобронамерници во минатото не биле кадарни да истераат некои процеси како што требало да ги истераат, а не вака како што ги истераа. И сакам да упатам апел до секој еден македонски полицаец да ги има предвид законските одредби коишто се однесуваат на укажувања, опомени итн. Сметам дека ниту еден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци“, кажа Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Статистиките на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека од 05.07.2021 година досега, издадени се 800 илјади возачки дозволи со новото уставно име.

Во меѓувреме, за личните карти други има други правила. Клучен е датумот до кога документот е валиден.

„Сите лични карти коишто се со важечки втиснат датум на истите се во важност и ќе продолжат да бидат во важност. Ниту една законска измена не се однесувала на личните карти така што граѓаните од тој аспект можат да бидат мирни“, кажа Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Обврската за промена на личните документи произлезе од Преспанскиот договор. Рокот е пет години од влегувањето во сила на уставните измени.

Петар Догов