Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагедија во Италија – два питбула растргнале 13-месечно дете

/

пред 913 дена

Сподели преку :

Два питбула нападнале и усмртиле 13-месечно дете во Италија, во регионот Салерно, пренесуваат тамошните медиуми. Инцидентот се случил во куќа на пријателка на мајката на детето.

Според првичните информации, кучињата биле затворени во една од просториите, но засега на непознат начин успеале да излезат од куќата, при што веднаш го нападнале детето кое било во непосредна близина на неговата мајка и вујко.

Во Италија на годишно ниво се случуваат околу 10.000 напади од кучиња. Земјата нема регистар на опасни кучиња кои минуваат низ курс на социјализација, откако ќе се случи некој инцидент.