Американскиот претседател Доналд Трамп се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран поставил мини во Ормускиот Теснец.
„Доколку Иран поставил мини во Ормускиот теснец, а немаме извештаи дека го сториле тоа, сакаме тие да се отстранат веднаш! Доколку поради која било причина се поставени мини, а тие не се отстранат веднаш, воените последици за Иран ќе бидат на досега невидено ниво. Од друга страна, ако го отстранат она што можеби е поставено, тоа ќе биде огромен чекор во вистинската насока“, напиша Трамо на Трут Сошл.
Повикувајќи се на два извори, „Си-Ен-Ен“ претходно јави дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот теснец, најважното енергетско тесно грло во светот низ кое минува околу една петтина од вкупната светска трговија со сурова нафта.











