Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Договорот со Иран е „многу силен меморандум за разбирање“, ќе биде потпишан во Европа

/

пред 114 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до потпишување договор со Иран за завршување на војната, а договорот ќе биде потпишан во Европа, во наредните денови.

Трамп рече дека новиот договор е „многу силен меморандум за разбирање“ . 

Истака дека Техеран сака да го склучат договорот многу повеќе од него.  Трамп во повеќе наврати во последните неколку недели велеше дека завојуваните страни се на прагот на договор, но досега ништо не се реализира.

На прашањето зошто овој пат е поинаку, Трамп рече: „затоа што претрпеа голем удар“.

-Па, тоа е многу силен меморандум за разбирање кој е малку концептуален, но е нешто што ќе се направи. И ако не се  направи од која било причина, што не можам да замислам дека нема да се случи, тие сакаат да го потпишат исто толку колку и јас или повеќе. Би рекол дека сакаат да го потпишат повеќе, можеби многу повеќе, но тоа е многу детален меморандум за разбирање, за кој се согласиле и многу други земји кои имаат големо влијание врз нив и сите сакаат да се направи. Значи, ќе се направи, изјави пред новинарите Трамп.