Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Го прашав Зеленски дали ќе ја гаѓа Москва ако му дадеме оружје со долг дострел, јас сум против

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп порача дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски не би требал да нареди напади на Москва по најавата дека Киев ќе добие нови испораки на западно оружје, во услови на заострена реторика кон Русија.

Изјавата на Трамп доаѓа по неодамнешната објава на „Фајненшл тајмс“ дека американскиот претседател го прашал Зеленски – „дали планира да ја гаѓа Москва, ако САД испорачаат оружје со долг дострел?“. На таквите наводи на британскиот весник изостана коментар од Белата куќа, а Трамп денеска пред медиумите јасно порача дека не поддржува таков потег.

Трамп го коментираше и својот ултиматум кон Русија, според кој Москва има 50 дена да се согласи на прекин на огнот во Украина. Во спротивно ќе се соочи со високи царини.

„Ќе видиме што ќе биде со претседателот Путин“, рече Трамп и додаде оти не е на ничија страна, туку на страната на човештвото.