Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп постигнаа победи на таканаречените прелиминарни избори за време на „супер вторник“ во голем број држави, отворајќи го патот за историско повторување на судирот меѓу нив од претходните избори.
Трамп победи на гласањето на републиканците во повеќе од десет држави – вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас – и го одбрани предизвикот на поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли, која беше неговиот единствен преостанат предизвикувач за републиканската номинација.
По последните резултати, Хејли веќе нема реални шанси да ја добие номинацијата.
Трамп и Бајден го свртеа своето внимание еден кон друг кога резултатите станаа јасни… Во својот победнички говор во Мар а Лаго, Флорида, Трамп ја нападна имиграциската политика на Бајден и го нарече „најлошиот претседател“ во историјата.
Бајден пак повторно го претстави Трамп како закана за американската демократија.
Бајден победи во 14 други држави, вклучувајќи го и гласањето по пошта во Ајова, кое заврши вчера. Тој претрпе и еден пораз – на американската територија на Американска Самоа, каде што претприемачот Џејсон Палмер победи со 51 глас „за“ наспроти 40 „за“ за Бајден.











