Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп и официјално номиниран за републикански кандидат за претседател на САД, Џеј ди Венс за потпретседател

/

пред 828 дена

Сподели преку :

Подигна тупаница, наиде на овации, но и силна мотивираност и енергија од републиканските делегати. Во првото појавување во јавност по неуспешниот обид за атентат викендот во Пенсилванија, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави е номиниран за претседателски кандидат на Републиканската партија за претстојните избори во ноември. Неговата номинација беше потврдена на партиската конвенција.

Ако изборот на Трамп за републикански претседателски кандидат беше извесен, тогаш изненадување е неговиот избор за потпретседател. Тоа е Џеј ди Венс, републикански сенатор од Охајо кој во минатото остро го критикуваше Трамп. Но, во меѓувреме ги промени ставовите и се претвори во еден од оние кои најсилно го бранат поранешниот претседател. Изборот на Венс предизвикува дополнителна загриженост во Брисел, но и засилени главоболки во Киев поради неговите позиции за војната.

Пред мировната конференција во Минхен, тој изрази скептицизам кон Украина. Дека неговите зборови не се разликуваат од постапките покажа и со доследноста да ја блокира помошта за Киев до последен момент во сенатот. Според него, САД едноставно немаат производствени капацитети за поддршка на војната во Источна Европа на неодредено време. Венс верува дека Украина на крајот ќе мора да и отстапи територија на Русија.

Сашко Димовски