Тајланд и Камбоџа се согласија на „непосредно и безусловно“ примирје, изјави малезискиот лидер Анвар Ибрахим, објави Асошиејтед Прес.
Анвар, кој ги претседаваше разговорите како шеф на регионалниот блок на АСЕАН, рече дека двете страни постигнале заедничко разбирање за преземање чекори за враќање во нормала.
Фумтам Вечајачаи, премиерот на Тајланд изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му се јавил за да му честита по договорот за прекин на огнот што го постигна во Малезија со камбоџанскиот лидер Хун Манет за прекин на петдневните борби со Камбоџа по должината на нивната заедничка граница. Средбата во Малезија следеше по директен притисок од претседателот, кој предупреди дека САД можеби нема да продолжат со трговските договори со која било од двете земји ако продолжат непријателствата.
Фумтам му се заблагодари на Трамп за улогата што ја одигра и рече дека Трамп му рекол дека успешниот исход ќе се одрази на резултатите од напорите за преговори за трговски договор. Тајланд моментално се соочува со царинска стапка од 36%.
-После ова, ќе започнат преговорите за царината и ќе видиме корист. Она што ќе го добиеме ќе биде одлична зделка. Тој ќе направи сè што може и ќе ни даде што е можно поповолни услови, рече Вечајачаи.
Примирјето стапува на сила на полноќ по тајландско и камбоџанско време, по жестоките борби за кои секој го обвинува другиот за започнување убиени беа најмалку 35 луѓе. Националистичките страсти се разгорени во двете земји и постои длабок недостаток на доверба.
-Ќе биде добар почеток на полноќ. Мора да разбереме дека ситуацијата е во тек по должината на 800-километарската граница. Затоа, да почекаме и да видиме утре. Денес му го кажавме нашиот став на светот. Ако Камбоџа не го стори она што треба да го стори, ќе изгледа многу лошо пред меѓународната заедница. Ако е така, светот ќе застане на наша страна, додаде Вечајачаи.











