Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ја поздрави веста за смртта на Роберт Малер, поранешен специјален обвинител кој го истражуваше руското мешање во американските избори во 2016

/

пред 198 дена

Сподели преку :

Роберт Малер, поранешниот специјален обвинител чија истрага за наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година го одбележа поголемиот дел од првиот мандат на претседателот, Доналд Трамп, почина на возраст од 81 година.

„Со длабока тага ја споделуваме веста дека Боб почина во петокот навечер“, соопшти неговото семејство, додавајќи дека замолуваат да се почитува нивната приватност.

Но, за актуелниот шеф на американската држава, залудно беше ваквото барање.

Со години, Трамп дава груби и нечувствителни коментари за луѓе кои починале — особено за неговите противници.

Но овој пат, тој експлицитно ја поздрави смртта на поранешниот директор на ФБИ, Роберт Малер, пишувајќи: „Добро, ми е драго што е мртов. Повеќе не може да повредува невини луѓе! “

Како специјален обвинител, Мулер го истражуваше Трамп и неговата кампања од 2016 година како водач на истрагата за Русија за време на првиот мандат на претседателот.

Неговата истрага за руските обиди да влијаат врз претседателските избори во 2016 година – и можната вмешаност на Трамп и неговата кампања – беше речиси секојдневен извор на внимание и шпекулации во период од речиси две години, од мај 2017 до март 2019.

Судските поднесоци на канцеларијата на специјалниот обвинител беа внимателно анализирани, при што секое ново откритие се сметаше за потенцијална „бомба“ што, зависно од гледиштето, можеше да урне претседател или да ја потресе државата.

Трамп ја осудуваше истрагата на Малер како „лов на вештерки“ и „измама“, и го сметаше за еден од неговите најголеми политички противници. Тој често тврдеше дека немало „никаков заговор“ („no collusion“) меѓу неговата кампања и Русија.

За време на истрагата, тимот на Мулер ги испитуваше дејствијата на Русија, како и неколку врвни членови на кампањата на Трамп и негови сојузници. Иако неговата работа често беше во центарот на вниманието, самиот Малер ретко зборуваше јавно.

Истрагата резултираше со повеќе обвиненија и договори за признавање вина со поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, како и со советникот за национална безбедност, Мајкл Флин.

На крајот, извештајот од 448 страници беше темелен, но во суштина не донесе конечен заклучок.

Во него се наведува дека Русија се мешала во изборите во 2016 година на „сеопфатен и систематски начин“, но не е утврдено дека членови на кампањата на Трамп соработувале или координирале во тие активности.

Неговите заклучоци наведуваат: „иако овој извештај не заклучува дека претседателот извршил кривично дело, тој исто така не го ослободува од одговорност“.