Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ќе воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд

/

пред 620 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна наредба за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд поради насочување истрагите кон САД и нивните сојузници, како што е Израел, изјави претставник на Белата куќа.

Како што јавуваат светските агенции, регулативата ќе вклучува финансиски и визни санкции против поединци и членови на нивните семејства кои му помагаат на МКС во истрагите против американски граѓани или сојузници на САД.

Потегот на Трамп доаѓа откако минатата недела демократите во американскиот Сенат ја блокираа републиканската иницијатива за санкционирање на МКС, што беше одговор на издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради војната на Израел во Појасот Газа.