Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека првиот човек на новоформираното Одделение за ефикасност на владата (DOGE), Илон Маск одлично работи, но оти би сакал да работи „поагресивно“.
Трамп на својата социјална платформа Truth Social напиша дека целта на сегашната американска администрација е спасување на државата и Америка да стане посилна од кога било.
Маск работи на намалување на буџетот за државните службеници. Акциите што ги презеде Маск, како распуштање на владините агенции и масовно отпуштање на федерални службеници ширум САД, наидоа на критики од поедини правници како неосновани.











