Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Може да следи „златна ера на Блискиот Исток“

/

пред 181 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормутскиот теснец и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“.

„Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите видови и ќе бидеме блиску за да се осигураме дека сè ќе оди како што треба. Сигурен сум дека ќе биде така“, напиша Трамп утрово на својата мрежа Truth Social.

Како што додаде, „исто како што го доживуваме во САД, ова може да биде златното доба на Блискиот Исток“.

Израел ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп на две недели да ги суспендира нападите врз Иран, но ова примирје не го вклучува Либан, објави денеска канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер го поддржува потегот на САД под услов Техеран веднаш да ја отвори Ормуската Теснина и да ги запре нападите врз САД, Израел и земјите во регионот, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.

Додаде дека Вашингтон го информирал Израел дека останува посветен на заедничките цели во претстојните преговори.