Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп може да ужива имунитет за кривичен прогон – одлуката на Врховниот суд на САД

/

пред 842 дена

Сподели преку :

Врховниот суд на САД со пресуда во корист на Доналд Трамп. Според неа, поранешниот американски претседател може да ужива имунитет од кривичен прогон за поедини работи што ги презел за поништување на резултатите од изборите во 2020 година. Пресудата беше донесена со шест гласа на судии кои се номинирани од конзервативците и три од либералите. Со неа се отфрла одлуката на федералниот Апелациски суд од февруари оваа година во која се утврди дека Трамп не ужива имунитет за наводните кривични дела. На тој начин, Врховниот суд, за првпат од формирање на државата во 18 век, прогласи дека поранешни претседатели може да бидат заштитени од казнени пријави во било кој случај.

Според правните експерти во САД, тоа засега е завршена работа и не веруваат дека може да му се суди на Трамп пред изборите во ноември оваа година.

Одлуката на Врховниот суд наиде на остри критики од актуелниот претседател Џо Бајден. Во првиот настап по минатонеделната дебата во која, според сите оценки, остави полош впечаток од Трамп, порача дека нацијата е втемелена на принципот дека во Америка нема кралеви и оти никој не е над законот, дури ни претседателот.

Нередите во Капитол, седиште на американскиот Конгрес, избија во јануари во 2021 година, откако 2.000 симпатизери на Трамп се собраа во центарот на американската престолнина на протест против резултатите на изборите во 2020 година на кои победи кандидатот на демократите Џо Бајден. Протестот кулминира со упад во Капитол, напади врз полицијата и членови на највисокото американско законодавно тело.

Сашко Димовски