Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп на чекор до републиканска номинација за претседател на САД – викендот ја победи Хејли во Мизури и Ајдахо

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Доналд Трамп продолжува да доминира во преизборната трка кај републиканците. Поранешниот претседател на САД викендов победи во Мизури и Ајдахо и обезбеди дополнителни делегати во Мичиген и во пресрет на Супервторникот, на 5 март кога ќе се гласа во 16 сојузни држави, се самодекларира за кандидат на републиканците за претседателски избори во ноември. Неговата единствена ривалка во внатрепартиската трка, Ники Хејли сè уште е во исчекување на првата победа.

Од Северна Каролина го обвини актуелниот претседател Џо Бајден за мигрантска инвазија на Америка, но и за уништување на социјалното и здравствено осигурување и јавното образование.

Првата дама на САД, Џил Бајден предупреди дека враќањето на Трамп во Белата куќа ќе претставува удар врз правата на жените. Особено се осврна на правото на абортус.

Нејзиниот сопруг, Џо Бајден, речиси, извесно ќе добие номинација од демократите. Тој се очекува да добие апсолутно мнозинство од партиските лојалисти при нивното гласање за делегати за августовската Национална конвенција на демократите во Чикаго, со оглед дека наспроти себе во внатрепартиската трка преостана ривал со тенки шанси за победа.

Сашко Димовски