Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „не се шегува“ кога вели дека бара да служи трет претседателски мандат.
„Постојат начини тоа да се направи“, рече Трамп во телефонска изјава за „NBC News“, но додаде дека е „премногу рано да се занимава во моментов со тоа“.
Останува најјасно како Трамп размислува да ја надмине уставната бариера што би го спречила повторно да биде претседател кога ќе му заврши вториот мандат на почетокот на 2029 година.
Според американскиот Устав, претседателите на САД може да бидат избрани за максимум два мандата, односно 8 години. Ова го наведува правното ограничување кое би му забранило на Трамп да се кандидира по трет пат за претседател на САД.
Сепак тој тврди дека Американците ќе го поддржат неговиот трет мандат поради неговата популарност истакнувајќи притоа дека имал највисок рејтинг од сите републиканци во последните 100 години.











