Повикувајќи се на свои извори „Вашингтон пост“ објави дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп непосредно по изборот, во четвртокот, телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин.
Денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели тоа е „целосно лажна информација“, негирајќи дека имало каков било телефонски повик.
Иако истиот дена за време на меѓународната конференција во Сочи, Путин му ја честиташе победата на Трамп и истакна дека заслужува внимание изјавата на Трамп да се помогне да се стави крај на украинската криза..
- Она што беше кажано во желбата да се обноват односите со Русија, да се помогне да се стави крај на украинската криза, според мене, се чини дека заслужува барем внимание, Владимир Путин, претседател на Русија (07.11.2024)
„Вашингтон пост“ пак наведува дека Трамп, кој му се јавил на Путин, го повикал да не ескалира конфликтот со Украина и го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.
- Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина, пишува „Вашингтон пост“.
Песков потсетува дека врската со Путин ја прекинале Шилц и Макрон и дека тие не сакаат да разговараат. „А ако дојдат некакви сигнали, тогаш мора да ги почекаме “, вели портпаролот на Путин.
- Гледаме одредена нервоза, секакви грижи кај Европејците во врска со изборот на г-дин Трамп за претседател на САД. Но ќе видиме како ќе се градат односите на двете страни. Европските лидери ја продолжуваат својата линија и, всушност, продолжуваат да бараат стратешки пораз на нашата земја, Руската Федерација. Ние, пак, ја продолжуваме специјалната воена операција додека не се постигнат сите поставени цели. Динамиката на специјалните воени операции се јасни за војската, рече Дмитриј Песков, портпарол на Путин.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, вчера телефонски разговараше со Трамп, на тема билатерални односи и геополитичката ситуација.
А на денешната средба во Париз помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе се разговара за можноста да го убедат претседателот во заминување на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да лансира ракети „Сторм шедоу“ (Storm shadow) врз Русија, објавува Телеграф. Според весникот постои надеж дека Бајден конечно ќе даде одобрение, кое Киев го бара со месеци.
Речиси три години Украинта е мета на руските напади, а утрово беше прекинат дотокот на електрична енергија поради предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата. Воздушна тревога е прогласена низ цела Украина.
А новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за време на кампањата ветуваше завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. И Иран денеска побара од него да стави крај на војната во Појасот Газа.
Билјана Ставрова











