Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп размислува да ги паузира и тарифите за автомобили?!

/

пред 552 дена

Сподели преку :

Претседателот Доналд Трамп најави дека може привремено да ги прекине тарифите за увоз на автомобили за да им остави повеќе време на производителите да ги прилагодат своите синџири за снабдување.

„Гледам како да им помогнам на компаниите. Ќе им треба малку време за да го префрлат производството од Канада, Мексико и други места во САД производството од “, порача американскиот претседател.

Кога Трамп на 27 март ги објави царините од 25% за увоз на автомобили, ги опиша како „трајни“. Tој веќе објави „тајм аут“ од 90 дена за тарифите за увоз на сите производи од десетици земји, за да им остави време на билатералните преговори со САД за пофер трговска размена. „Не си го менувам мислењето, ама сум флексибилен“, тврди Трамп.