Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп сака да нè скрши, за Америка да нè поседува – канадскиот премиер распиша вонредни избори на 28 април

/

пред 575 дена

Сподели преку :

Канадскиот премиер Марк Карни најави дека земјата ќе излезе на вонредни избори на 28 април, пренесува „Ројтерс“.

Причина, како што објасни, е потребата за цврст мандат поради трговската и царинска војна што американскиот претседател Доналд Трамп ја најави против Канада.

Редовните избори воКанада требаше да се одржат на 20 октомври, но Карни одлучи новата влада да се формира шест месеци порано.

Трговската војна на САД против Канада, Карнија нарече „една од најголемите закани во нашиот живот“.

„Тој сака да ја скрши Канада за Америка да може да нè поседува. Тоа нема да го дозволиме“, порача Карни.