Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „во Газа има вистински глад“, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше такво нешто.
„Тие деца изгледаат многу гладни… тоа е вистински глад“, рече Трамп за време на средба со британскиот премиер Киер Стармер во Шкотска. Тој додаде дека ситуацијата е хаотична и дека Израел можеби треба да размисли за поинаков пристап.
Изјавата доаѓа по предупредувањето на ОН дека „огромни количини“ храна се неопходни за да се спречи масовна глад.
Според Том Флечер, координатор на хуманитарната помош, помошта што досега пристигнала во Газа е само „капка во океанот“ и постои итна потреба од поголем и побрз дотур. Тој откри и дека повеќето камиони на ОН биле ограбени од очајни граѓани штом влегле во Газа.
Израел, кој ја контролира хуманитарната помош, негира дека намерно го предизвикува гладот.
Нетанјаху изјави дека „нема политика на изгладнување“ и дека вистинската пречка за доставата е Хамас.
Според податоците на министерството за здравство во Газа, 147 лица, вклучувајќи 88 деца, починале од неухранетост од почетокот на војната.











