Американскиот претседател Доналд Трамп во изјава за Аксиос рече дека војната наскоро ќе заврши оти „практично нема останало ништо за гаѓање“.
„Во секој момент кога ќе посакам да заврши, ќе заврши“, ја пренесува „Би-Би-Си“ изјавата на Трамп.
Конфликтот почна на 28 февруари во соработка со Израел, чиј министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека војната „ќе продолжи без никаков временски рок“.
Кац рече дека конфликтот ќе продолжи толку долго колку што е потребно и додека не се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска кампања, пренесува „Тајмс оф Израел“.











