Зеленски е паметен и успеше со неверојатна леснотија да излече пари од Бајден, како да зема бомбони од дете, рече во интервју за Фокс американскиот претседател Доналд Трамп. Повторно лажно тврдеше дека САД ѝ дале на Украина многу повеќе пари за разлика од Европа.
Едноставно мислам дека не е благодарен. Според мене, му дадовме 350 милијарди долари, Европа даде 100 милијарди. Му дадовме 350 милијарди а тој зборува како се бореле и колку биле храбри, и дека некој требало да ракува со тие оружја. Но, без тие оружја, не заборавајте, јас бев тој што му даде Џавелини, изјави Трамп, додавајќи дека Обама ништо не ѝ дал на Украина.
Исто како и од самиот почеток на војната, повторно тврдеше дека таа воопшто и немало да започне ако тој беше претседател. Истото го кажа и за нападот на 7 октомври во Израел и војната во Газа.
Тоа немаше да се случи, бидејќи Иран беше банкротиран, немаа пари, не даваа пари на Хамас и Хезболах, или на било кој друг. Немаше да се случи најлошата евакуација, Авганистан, што беше најсрамниот ден во историјата на нашата држава, тврдеше Трамп.
Освен војните, Трамп смета дека немало да има ниту инфлација, ако не ги изгубеше изборите во 2020.











