Американскиот претседател Доналд Трамп на брифинг во Белата куќа ја оцени војната со Иран со „15-ка од можни 10“.
„Некој праша како би оценил на скала до 10, реков отприлика 15“, рече Трамп.
Тој додаде дека Иран би имал нуклеарно оружје за две недели, ако САД не изведоа напад.
„Ако не удревме, тие ќе имаа нуклеарно оружје за две недели“, додаде претседателот на САД.
За САД рече дека се наоѓаат во добра позиција.
„Во многу добра ситуација сме. Тоа е извонреден приказ на воена сила“, истакна тој.
Колку за потсетување, првиот човекна Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси вчера рече дека нема докази оти Иран развива нуклеарна бомба.











