Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Транспортерите од Западен Балкан пред предизвици во Шенген

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Министри од шесте земји на Западен Балкан и претставници на Европската комисија денеска одржуваат онлајн состанок за да разговараат за проблемите на превозниците при премин и престој во Шенген зоната.

Состанокот следи по блокадите на граничните премини минатата недела од страна на возачите на камиони од регионот. Европската комисија, преку своите дирекции за мобилност, миграција и проширување, се ангажира да најде практични решенија кои ќе обезбедат безбедност, економска корист и правна јасност за патниците и превозниците.

Портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт, нагласи дека се разгледува воведување на ново законодавство за краток престој на ниво на ЕУ, но не може да се дадат конкретни рокови за примена на овие правила.