Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трендафилов: Постигнавме напредок, но, не и договор со Владата за зголемување на платите

/

пред 1197 дена

Сподели преку :

Постигнале напредок но не и договор. Работните групи на Економско-социјалниот совет во понеделник ги продолжуваат преговорите за покачување на платата во јавниот сектор.

Синдикатот бара зголемување на платите врз основа на податоците за инфлација, според кои минатата година се над 14 отсто, велат дека од Владата прифатиле да се доближат до нивните барања.

Вработените во ССМ веќе втор месец нема да земат плата. Министерството за труд и социјална политика го блокира изборот на Слободан Трендафилов за претседател на ССМ и не го впишува во Централниот регистар.

Од ССМ реагираат, министартвото и министрката да престанат со опструкции и обиди за мешање. Најавуваат дека доколку не се одблокира процесот и впишувањето на Трендафилов во Централниот регистар ќе бараат оставка од министарката Тренчовска.