Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Третина од болниците во Газа под клуч – УН предупредува дека вечерва може да снема гориво

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Обединетите нации (ОН) предупредуваат дека вечерва би можело да снема гориво во Појасот Газа. Дописникот на „Би-Би-Си“, пак, јави дека болниците веќе го рационализираат снабдувањето само за итни случаи.

Од ОН соопштија дека една третина од болниците и речиси две третини од клиниките за примарна здравствена заштита во Газа се веќе затворени поради воените оштетувања и недостигот на гориво.

Израел го исклучи снабдувањето на Газа со струја по нападот на Хамас на 7 октомври, што значи дека територијата зависи од резервните генератори кои работат на гориво.