Жена која три дена била заробена во автомобил, заедно со безживотното тело на нејзинаа снаа, е спасена во Шпанија, откако врз нив надојде смртоносната поплава, соопшти шпанската спасувачка служба.
Преживеаната жена беше извлечена од поплавен тунел, кој беше блокиран со уништени автомобили. Отстранувајќи ги возилата, спасувачите слушнале повици за помош. Таа не можела да излезе, бидејќи нејзиниот автомобил бил затрупан со други возила.
„По три дена најдовме живо лице во автомобил“, изјави Мартин Перез, прв човек на цивилната заштита во Монкада, гратче со 21.000 жители.
Монкада се наоѓа во југоисточната провинција Валенсија, каде во поллавите загинаа над 200 луѓе. Жената била веднаш одвезена на лекарски преглед. И натаму траат потрагите по повеќе стотици лица кои сè уште се водат како исчезнати.











