Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три хеликоптери, 13 авиони и над 500 пожарникари – големи пожари на југот на Франција, евакуирани кампови со туристи

/

пред 1174 дена

Сподели преку :

Бројни пожарникарски екипи се ангажирани во гаснење на пожарите на југот на Франција, што предизвикаа евакуација на неколку кампови со многу туристи, јави агенцијата ДПА.

„Голем пожар има во провинцијата Пиринеи-Ориентали“, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари.

Пожарите избувнаа вчера меѓу градот Сен-Андре и познатото крајбрежно летувалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија пожарникарите. Радио станицата Франс Блу, повикувајќи се на локалните власти, јави дека во пожарот се уништени 300 хектари главно ниска вегетација.

Евакуирани се три кампа со бројни туристи, додека пожарот се заканува на некои станбени згради и продавници. Спортската сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињо, недалеку од границата со Шпанија.