Тричасовно дефиле и стотици маскирани учесници парадираа низ струмичките улици. Со музика, со маска и игра се пренесуваа пораки за мир, љубов, разбирање, но и за подобро и похумано општество. Имагинацијата на карневалџиите е бескрајна.
Прекршувањето на реалноста низ призмата на маската е вековна традиција во Струмица. За учесниците тоа е и најважниот дел. Да се сочува она што како културно наследство се создавало низ генералии карневалџии.
Денеска на Прочка е детскиот карневал. Поради врнежливото време малите маскирани учесници дефилираа во подземната гаража под градскиот плоштад. За повеќето од нив во фокусот беа јунаците од омилените цртани филмови, но и многу други детски фантазии се отсликуваа во малите симпатични креации.
КАрневалските свечености продолжуваат и утре. Со варење бел грав и одбележување на чист понеделник, кога официјално почнува и големиот Велигденски пост.
Сузана Мицева











