Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тригодишно дете e извлечено живо од под урнатините шест дена по земјотресите во Венецуела

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Јорданските спасувачи во Венецуела извлекоа дете од урнатините шест дена по катастрофалните земјотреси од минатата недела.

„Јорданските спасувачи го извлекоа Клибер Моран од урнатините под станбена зградата во Лос Коралес“, објави привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во порака на Телеграм. Јорданската цивилна одбрана соопшти дека на Клибер му е укажана прва помош, е однесен во болница и дека неговите витални знаци се добри. Тој e пренесен на лекување во главниот град Каракас.

Венецуела беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што предизвика уривање на згради и заробување на илјадници луѓе под урнатините.

„Мора да се надеваме дека ќе продолжиме да наоѓаме живи луѓе под урнатините“, рече  претседателот на Собранието Хорхе Родригез во телевизиско обраќање.

Вкупниот број на загинати во земјотресите сега изнесува 1.943 додека бројот на повредени се искачи на 10.571.