Двајцата поранешни заменици министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, како и актуелната заменичка Маја Манолева, кои сведочеа пред Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, тврдат дека немале претходни информации за незаконито или непрофесионално постапување. Манолева изрази сознанија дека Като системот е проблематичен од самиот почеток – пуштен е во употреба во 2017-та со само една обучена сестра. Опозициските пратеници се сомневаат дека Клиниката `се уште работи во хаос.
Комисии, конзилиуми, укинати одлуки. Опозициските пратеници се сомневаат во тврдењата на власта дека состојбите на Клиниката за онкологија се средени а долговите се преполовени.
Актуелната заменичка министерка Маја Манолева укажува дека актуелното раководство на клиниката работи професионално и дека некои проблеми се таложеле со години. Еден од нив е Като системот кој на брзина е пуштен во употреба 2017-та без обучен кадар.
Пред Анкетната комисија сведочеа и поранешните заменици Илир Хасани и Владимир Рендевски. Објаснија дека немале никакви сознанија за злоупотреби на клиниката ниту пак добиле иннформации или овластувања од министрите.
Пред Анкетната комисија ќе сведочат и други експерти и функционери. Таа треба да утврди евентуална политичка одговорност за пристрасно и несоодветно лекување на онколошки пациенти, посебно со биолошка терапија, како и за други можни злоупотреби.
Соња Николовска











